Владата и Собранието донесоа важни одлуки!

Собранието денеска на пленарна седница го усвои Предлогот за одобрување на продолжување на рокот за кризна состојба на територијата на Македонија, поради продолжените ризици од нарушување на снабдување со нафта и нафтени деривати.

Претходно Предлогот доби поддршка од Комисијата за одбрана и безбедност.

Кризната состојба се продолжува до 20 јули 2026 година, а ќе почне да се применува од 21. април, откако ќе биде објавена во „Службен весник“.

Пратениците беа информирани дека продолжувањето на кризата е условена од неповолната безбедносна и енергетска состојба по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и сериозните нарушувања во транспортот на сурова нафта во Ормутскиот теснец.

Со денешното гласање, Собранието ѝ даде овластување на Владата и на надлежните институции и во наредниот период да продолжат со координирано управување со состојбата и со примена на мерки за обезбедување сигурно снабдување со енергенси.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде