Тажната вест се прошири пред малку: Ненадејно од срцев удар почина познатиот актер

Американскиот актер Patrick Muldoon, познат по улогите во популарните серии Melrose Place и Days of Our Lives, почина на 57-годишна возраст.

Според информациите, Малдун починал на 19 април 2026 година по ненадеен срцев удар.

Тој беше еден од препознатливите телевизиски актери од 90-тите години, а најголема слава стекна со улогата на Остин Рид во серијата Days of Our Lives, како и со ликот на негативецот Ричард Харт во Melrose Place.

Освен телевизиските серии, Малдун остави трага и на филмското платно, особено со улогата во научно-фантастичниот филм Starship Troopers (1997).

Покрај актерската кариера, тој беше и продуцент и музичар, а колегите го опишуваат како харизматична и позитивна личност која оставила силен впечаток во Холивуд.

Зад себе ја остави својата партнерка, семејството и бројни обожаватели ширум светот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде