Страшна несреќа ја потресе Македонија: Работник загина на работното место

Вчера во 17:00 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во гостиварското село Градец, при изведување градежни работи на приватна куќа, починал И.А.(48) од Тетово.

-Според пријавеното, при обид да одглави заглавена сајла на кран, дошло до пукање на метален дел од конструкцијата кој го удрил И.А. во пределот на главата.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар, вели портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

По наредба на обвинител, телото е дадено на обдукција

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде