Македонија згрозена: Родители дозволиле нивните малолетни ќерки да живеат вонбрачно, едната била и силувана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево поднесе кривични пријави против четири лица поради сериозни кривични дела поврзани со малолетници.

Пријави се поднесени против две лица од Делчево – родители, кои дозволиле нивните малолетни ќерки да живеат во вонбрачни заедници, како и против две лица од струмичко село.

Едно од пријавените лица се товари и за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.

– Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против О.Л.(49) од Делчево и Н.Л.(38) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 2 од КЗ, против Н.П.(27) од струмичко село за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 1 и „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 став 1 од КЗ и против О.П.(49) од струмичко село за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 1 од КЗ. О.Л. и Н.Л. како родители дозволиле, во периодот од септември 2023 година нивна малолетна ќерка да живее во вонбрачна заедница со Н.П., при што таа родила и дете, а втората малолетна ќерка од март 2024 да живее во вонбрачна заедница со О.П., информираа од МВР за случајот. 

Се преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде