УДАРНА ВЕСТ: Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Министерството за внатрешни работи и Јавното Обвинителство и официјално потврдија дека е уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Мети Сејдини.

– Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција во координација со ОЈО Скопје го лишија од слобода М.С. поради сомнение за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба, соопшти МВР.

Јавното обвинителство пак потврди дека дека во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба.

– Се уште се преземаат дејствија по наредба на јавниот обвинител, а повеќе детали за натамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по завршувањето на дејствијата кои се во тек, соопштија од Обвинителството.

Неофицијално, Сејдини првично се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде