Полицијата во акција, уапсени 12 лица – еве за што ќе одговараат

Полицијата во акција, уапсени 12 лица – еве за што ќе одговараат

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 11 затоа што управувале возила без возачка дозвола (тројца во Скопје, по двајца возачи во Битола, Кочани и кумановско, а по еден во Прилеп и велешко),

а еден возач во Скопје управувал возило под дејство на алкохол односно му биле измерени 3,95 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде