Дали ќе правиме скара на отворено за 1 Мај или ќе ја бараме топлата облека? – еве што прогнозира Славчо Попоски

Најнова метео анализа на Славчо Попоски:

БОРБА ПОМЕЃУ ДВАТА НАЈАЖУРНИ МЕТЕОРОЛОШКИ МОДЕЛИ:

И сега што прајме??? Дали ќе правиме скара на отворено за 1 Мај или ќе ја бараме топлата облека и ќе ни треба греење во домовите???

Глобалниот модел (GFS) за 1 Мај црта невообичаено ладно време со врнежи од дожд и од снег во поширокиот дел од Балканот и во Македонија, додека од друга страна Европскиот модел (ECMWF) дава вистинско пролетно време со високи пролетни температури на воздухот и сончево време без врнежи.

Останува да видиме кој ќе победи на крајот, искрено јас сум за Европскиот модел (ECMWF)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде