Инвеститор на зградата во Кисела Вода каде загина работник е поранешниот градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски, објави СДК.
Тој за САКАМДАКАЖAМ.МК изјави дека земjиштето каде се гради зградата е на неговото семејство, а зградата ја гради фирмата „Јакимовски“.
„Трагедија е ова што се случи. Фирмата ‘Јакимовски’ е со долгогодишно искуство, сите постапки се запазени, и добиени се сите одобренија за градба. Најверојатно се излизгало ненадејно земјиштето по што дошло до несреќата“, рече Коневски, пренесува СДК.мк
Eден градежен работник загина, а тројца се повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода. Тројцата се спасени и се донесени на Ургентниот центар, едниот е со скршеници, другите двајца се со полесни повреди, ни изјави директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), д-р Игор Мерџаноски.
Д-р Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош Скопје, за МИА изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата. Жртвата, како што рече, според првичните информации, е на 34-годишна возраст.

