Шокантна снимка од извлекувањето на Трамп

На социјалните мрежи се шири шокантна снимка од моментот кога агенти на Тајната служба итно го извлекуваат американскиот претседател Доналд Трамп од сцената, откако синоќа се слушнале истрели за време на вечерата на дописниците во Белата куќа. Трамп и првата дама Меланија Трамп биле евакуирани веднаш штом одекнале пукањата во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што се одржувал настанот.

Во хаосот што настанал, агентите ги зграпчиле Трамп и останатите функционери и ги извлекле од сцената, при што претседателот во еден момент се сопнал и паднал.

Додека го извлекувале на безбедно, гостите панично барале засолниште, додека во салата одекнувале повици „легни долу!“. Дел од присутните се фрлале на под и се криеле под масите.

Безбедносните служби веќе објавија дека напаѓачот е 31-годишниот инжинер и програмер, Кол Томас Ален од Торенс, Калифорнија.

Трамп подоцна се огласи на својата мрежа „Трут соушал“, објавувајќи фотографија од маж кој лежи на подот во хотелот. Полицијата потврди дека напаѓачот бил тешко вооружен – кај себе имал сачмарка, пиштол и повеќе ножеви.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде