На 25 април 2026 година во 09:30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив починал 80-годишниот Н.М. од селото Љуботен, скопско.
Според пријавеното, на 20 април 2026 година околу 11:15 часот, тој бил донесен во тешка здравствена состојба со тешки телесни повреди.
Несреќата се случила во дворот на неговиот дом, додека го поправал својот трактор, кој во еден момент се придвижил и го прегазил.
На 25 април 2026 година во 06:00 часот, Н.М. починал како последица на повредите.
По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

