ВОНРЕДНО: Исчезна младиот Горан Ременски – семејството бара помош

Семејството Ременски од Валандово упати јавен апел за помош во потрагата по нивниот сограѓанин Горан Ременски, кој се води како исчезнат, додека полицијата потврди дека случајот е пријавен и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Според информациите од семејството, Ременски го напуштил домот на 25 април во раните утрински часови, околу 05:30 часот. Во моментот на заминување бил облечен во црно дебело палто, темно тегет фармерки и црни патики.

Последен пат бил забележан истиот ден околу 06:00 часот кај бензинската станица „Гама Оил“ во Валандово, движејќи се во правец кон Струмица.

Од семејството посочуваат дека исчезнатото лице не поседува мобилен телефон ниту лични документи, што дополнително ја отежнува потрагата.

„Се апелира до сите граѓани кои имаат било какви сознанија или информации поврзани со неговото движење или моментална локација, веднаш да се јават“, наведуваат од семејството.

Контакт телефон за информации: 075 245 187.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 25.04.2026 во 13:30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека од домот се оддалечило лице на возраст од 32 години.

„Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопштија од МВР.

Семејството апелира за масовно споделување на информацијата, со цел што побрзо пронаоѓање на исчезнатиот. објави Скопје1.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде