Уживајте во пролетните денови со многу сонце и пролетни температури на воздухот до понеделник 27 април 2026.
Поради продор на значително поладен воздух од север најпрвин на висина кој ќе продре до нашиот дел од Европскиот Континент, во вторник и во среда (28/29 април 2026) атмосферата кај нас ќе се дестабилизира и локално ќе се развиваат конвективни облачни и грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината исто така во вторник и во среда (28/29 април 2026) во попладневните часови локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Веќе во четврток 30 април 2026 под влијание на влажна и значително поладна воздушна маса од север во поголем дел од Македонија ќе имаме врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика поголемо заладување на времето во Македонија. Поради заладувањето во четврток на 30 април 2026 на планините со надморска височина над 1200/1300 метри врнежите од дожд повторно ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во вторник и во среда (28/29 април 2026) температурите сеуште ќе бидат пролетни и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 25 степени. Веќе во четврток на 30 април 2026 во текот ан денот тие ќе бидат значително пониски и повторно под просекот за овој дел од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени а во Скопје таа на 30 април 2026 четврток ќе се искачи до околу 14 степени.
Метео анализа на Славчо Попоски

