УЖАС: Шестоодделенка била горена со цигари и присилена да јаде кучешки измет

Стравичен случај на ученичко насилство пријавиле родители од општината Ѓорче Петров за Вечер Прес. Девојче од шесто одделение завршило на лекар и психијатар откако било горено со цигари понижувано од соученичките во паркот близу општината.

Девојчето било присилувано да јаде измет од куче, а чинот бил сниман со мобилен телефон.

„Пријавено е дека малолетно девојче, во два наврати, било физички нападнато од неколку малолетнички од истото училиште.

Извршени се службени разговори во присуство на родителите, прибрани се материјални докази, меѓу кои и видеозаписи, и во координација со ОЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР за медиумот.

Причината за нападот, според првичните информации, била комуникација преку социјалната мрежа „Инстаграм“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде