Четири лица загинаа во страотен судир на автопатот Шабац-Рума во Србија, а лекарите во Итниот центар во Белград се борат за животот на 22-годишник.
Трагедијата се случи вчера, кога возачот на Форд со белградски регистарски таблички, кој се движел во спротивна насока со брзина од 130 километри на час, се судрил со црн Голф.
Во него имало четири млади луѓе од Рума кои, користејќи популарна апликација за споделување на возила, се движеле кон Словенија, пишува Блиц.
Само неколку минути пред несреќата пристигнало предупредување. Во 12:57 часот, член на локална група на Вибер испратил порака до возачите: „Автопат во близина на Шабац кон Рума, човек вози во спротивна насока со 130 километри на час, внимавајте!
Темно сив Форд. Овој човек ќе убие некого“. Само неколку минути подоцна, околу 13 часот, се случил судирот.

