Се повлекуваат популарни влажни марамчиња за бебиња! Контаминирани се со бактерии – веднаш фрлете ги

Главната причина за повлекувањето е микробиолошка контаминација.

Полската санитарна инспекција (GIS) издаде официјално предупредување до потрошувачите веднаш да престанат со користење на влажните марамчиња Bella Happy Aqua Care. Одлуката е донесена откако лабораториските анализи покажале присуство на несакани микроорганизми во производот.

Зошто марамчињата се опасни?

Главната причина за повлекувањето е микробиолошка контаминација. Тестовите откриле присуство на бактерии, а во вакви случаи најчесто станува збор за Burkholderia cepacia, иако инспекцијата предупредува на општ ризик од инфекции.

Иако кај здрави лица овие бактерии најчесто не предизвикуваат сериозни проблеми, кај бебиња и мали деца, чиј имунолошки систем сè уште се развива, како и кај лица со оштетена кожа, употребата на овие влажни марамчиња може да предизвика:

Сериозни инфекции на кожата и слузокожата

Инфекции на респираторниот систем

Компликации кај деца со хронични заболувања или ослабен имунитет

Од каде се повлекува производот?

Производот се повлекува од пазарот во Полска, каде што и е произведен од компанијата TZMO SA.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде