Комерцијална Банка најави дека исплатата на пензиите ќе започне од четврток, 30 април.
Пензионерите кои користат дебитни картички ќе можат веднаш да располагаат со средствата, преку плаќања во продавници,
онлајн или со подигнување готовина од банкомати, додека исплатата во филијалите и експозитурите ќе се одвива во текот на работните денови.
Претходно, Халкбанк АД Скопје информираше дека пензиите се достапни во сите филијали, на банкоматите, како и преку електронско и мобилно банкарство. Дел од пензионерите, доколку претходно дале согласност, пензијата можат да ја подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
Силк роуд банка, исто така, соопшти дека пензиите се исплатени и достапни за подигнување во експозитурите, на банкоматите и преку електронските услуги, како и за безготовинско плаќање во трговската мрежа.

