Шок и неверување – почина легендарниот Цирко

Со длабока тага јавноста ја прими веста за смртта на Рамуш Муарам – Цирко, долгогодишен активист, хуморист, новинар и публицист, соопшти Рома Прес.

Според информации што претходно се појавија во медиумите, Муарам извесен период бил во тешка здравствена состојба и се борел за живот, но без официјално објавена дијагноза. И покрај напорите, битката заврши трагично.

Со неговото заминување, заедницата губи силен и препознатлив глас, човек кој со својата искреност, храброст и специфичен хумор оставаше длабок белег во јавниот простор.

Неговата работа беше посветена на информирање, подигање на свеста и афирмација на вредностите, по што ќе остане запаметен.

Колеги, пријатели и роднини се простуваат од него со емотивни пораки, нагласувајќи дека неговиот дух и делото што го остави ќе продолжат да живеат.

„Ќе ни недостасува, но никогаш нема да биде заборавен“, порачуваат тие.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде