Голема трагедија ја потресе општината Ѓуловац во Хрватска, откако во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби 45-годишниот Антун Гегиќ, жител на Велики Бастаи.
Несреќата се случила во понеделникот доцна вечерта, околу 22:20 часот, во местото Вуковије.
Според информациите од полицијата, Гегиќ управувал автомобил „Шкода“ во правец кон Дарувар, кога во десна кривина возилото преминало на спротивната страна од коловозот, излетало во канал и удрило во бетонски мост.
Иако екипа на Итната медицинска помош брзо пристигнала на местото на несреќата, за несреќниот маж немало спас.
Тој починал на самото место.
Како што пишува хрватскиот портал „Мојпортал.хр“, Антун бил вработен во Германија, додека неговата сопруга со нивните пет деца живеела во Велики Бастаи.
Неговата смрт предизвика голема тага меѓу семејството, пријателите, соседите и жителите на општината.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а се работи на утврдување на сите околности под кои дошло до трагедијата.

