Поладен Атмосферски фронт кој од северозапад преку Алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европскиот Континент ќе услови промена на временската состојба кај нас и дестабилизирање на атмосферата од четврток до сабота (тоа значи во периодот од 7 до 9 Мај 2026).
Времето во токму овој споменат период во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и локално ќе има пообилни врнежи особено во петок и во сабота 8 и 9 Мај 2026 кога локално ќе наврне позначително количество на дожд (над 20 литри дожд).
Локално пак ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме проследено со електрични празнења и со појава на град.
Во Скопје и околината исто така во овој период времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд а во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите особено во петок на 8 Мај 2026 ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени. За време на викендот повторно температурите значително ќе порастат како што претходно најавив и тие ќе бидат летни особено во централните и во југоисточните предели од Македонија каде ќе се искачат до околу 30 степени.
Метео анализа на Славчо Попоски

