Најава за невреме – УХМР ја објави најновата временска прогноза

Фото: Илустрација

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и дневни температури од 15 до 21 степени Целзиусови.

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи и дневни температури од 19 до 25 степени.

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде