Ќе има пари: Убава вест за членовите на Избирачките одбори во Македонија

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе одлука за исплата на средства за членовите на општинските изборни комисии и избирачките одбори, поврзани со локалните и повторените избори во 11 општини кои имаат блокирани сметки.

Станува збор за вкупно 107.201.924 денари, наменети за општините Арачиново, Делчево, Пехчево, Тетово, Струга, Кривогаштани, Василево, Желино, Гостивар, Врапчиште и Зрновци. Средствата ќе бидат префрлени на наменските сметки на општините за покривање на трошоците од изборниот процес.

Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, изјави дека средствата ѝ се префрлени на Комисијата со одлука на Владата.

Локалните избори во земјата се одржаа на 19 октомври, додека вториот круг беше спроведен на 2 ноември 2025 година. Повторени избори беа одржани во четири општини, меѓу кои и Гостивар, на 11 јануари годинава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде