Напад во училиште во Скопје, избоден 15-годишен ученик

Петнаесетгодишен малолетник нападнал ученик со остар предмет во основно училиште на подрачјето на Гази Баба.

Според информациите на МВР, вчера, полициски службеници од СВР Скопје уапсија 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба,

дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето.

Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде