Земјотреси со јачина од 5,1 и 4,9 степени според Рихтеровата скала ја погодија Јапонија. Засега нема информации за повредени лица или евентуална материјална штета.
Јапонскиот архипелаг Изу денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, на длабочина од 457 километри и на оддалеченост од 486 километри од градот Хамамацу. Пред овој потрес, Јапонија ја погодил уште еден земјотрес со јачина од 4,9 степени, источно од островот Хокаидо.
Епицентарот и на тој земјотрес бил во отворено море, на длабочина од 10 километри, на оддалеченост од 193 километри од градот Куширо. Засега нема информации за повредени или за евентуална материјална штета. Не е издадено предупредување за опасност од цунами.

