Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео аларм за 16 мај 2026 година поради очекувано невреме и нестабилни временски услови во повеќе делови од земјата.
Според прогнозите, во текот на денот ќе има поинтензивни атмосферски процеси проследени со пороен дожд, грмежи и засилен до силен ветер.
Локално се очекува да наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен, а брзината на ветерот на одредени места може да надмине и 70 километри на час.
Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено при движење на отворено и во сообраќајот, поради можноста од појава на невреме и локални временски непогоди.

