Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтер – еве каде е епицентарот

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на најголемиот јапонски остров Хоншу.

Епицентарот на земјотресот беше во префектурата Мијаги, на длабочина од 10 километри.

По земјотресот, не е издадено предупредување за појава на цунами.

Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.