Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашата драга колешка, проф. д-р Флореша Села.
Колегите од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ секогаш ќе ја паметат со особена почит по нејзиниот професионализам, посветеност и хуманост. Таа остави неизбришлива трага во образованието и воспитувањето на многу генерации, претставувајќи пример за знаење и благородност.
Нејзината загуба е голема за нашиот колектив, учениците и целата образовна и здравствена заедница.
Изразуваме искрено сочувство до семејството Села и до сите блиски.
Нека ѝ е вечен споменот.
Колегите од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“

