Дара донесе евровизиска победа за Бугарија – погледнете го целиот настап

Бугарската пејачка Дара е победничка на овогодинешното издание на Песна за Евровизија 2026, кое синоќа се одржа во Виена, Австрија.

Песната „Бангаранга“ успеа да ја освои и публиката и жирито, а Бугарија на крајот собра вкупно 516 бодови и стигна до победата по неизвесна вечер што траеше речиси четири часа.

Второто место го освои Ноам Бетан од Израел, додека третото место ѝ припадна на Австралија.

Добар пласман на натпреварот остварија и претставниците на Италија, Финска, Данска и Молдавија, кои беа меѓу фаворитите на вечерта.