На пазарот на енергенси денеска е регистриран нов бран на поскапување.
Цената на нафтата од типот Брент се искачи на повеќе од 110 долари за барел. Тоа е зголемување од 1,90 проценти.
Берзанските податоци евидентирани во 9 часот наутро покажуваат дека цената на суровата нафта пораснала за 2,32 проценти, со што се тргува за повеќе од 107 долари.
На валутните пазари, вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс во текот на денешниот ден изнесува 1,16445 долари.
Кај благородните метали и земјоделските производи е забележан пад.
Цената на златото се спушти на 4.545,3 долари за унца, додека пченицата на берзите се тргува по цена од 6,5450 долари за бушел.

