Педесет и четиригодишник од БиХ утрово ја убил мајката на неговата сопруга, а ја повредил сопругата со огнено оружје во близина на Кисељак.
Тој е уапсен по полициска потрага.
Злосторството се случило во градот Јеховац, а сторителот бил во бегство по пукањето, пишува Klix.ba.
Полицијата официјално потврди дека пукањето се случило утрово пред осум часот и дека маж пукал во две жени, членови на потесното семејство.
Според неофицијални информации, станува збор за М.П.(роден 1972 година) од Кисељак. Тој пукал во својата сопруга, која била ранета, и во нејзината мајка, која починала од повредите.
Муамер Караџа, портпарол на МВР на Централно босанскиот округ, потврди дека бегалецот е пронајден и уапсен.
„Тој беше успешно лоциран со помош на припадници на Агенцијата за разузнавање и безбедност, по што беше уапсен со видливи повреди. Моментално се наоѓа во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево“ – рече Караџа.
Се наведува дека М.П., откако ги нападнал сопругата и мајка и, се повредил и себеси.

