Македонската естрада остана без уште едно препознатливо музичко име. Почина Бранко Митров, долгогодишен тапанар и член на групата „Валандовски свадбари“.
Тажната вест на социјалните мрежи ја објави професорот по саксофон Никола Темелков, кој со емотивни зборови се прости од својот колега и пријател.
Тој напиша дека Митров бил човек со огромно срце, секогаш насмеан и подготвен да внесе позитивна атмосфера каде и да настапува.
„Бранче беше искрен пријател и човек што се радуваше на туѓите успеси. Таква добрина ретко се среќава. Ќе остане запаметен по љубовта кон музиката, дружењето и насмевката“, стои во дел од неговата објава.
Од Бранко Митров се прости и хармоникашот Ристе Тушевски, со кого соработувал повеќе од три децении.
„Почивај во мир, колега и брату. Заедно поминавме 30 години на сцена“, напиша Тушевски.


