Утре е голем празник: Не правете ништо пред да го изедете ова рано наутро

Македонската православна црква и нејзините верници во четврток го одбележуваат Спасовден.

Спасовден е еден од десетте празници посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден) и секогаш е во четврток.

Оние кои го слават Спасовден колат јагне, а според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат.

Исто така се верува дека на Спасовден не се спие преку ден за да не ја преспиете целата година.

На овој голем и тежок ден се верува дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје.