Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишен жител на Крива Паланка, кој се сомничи дека предизвикал инцидент во угостителски објект, при што физички нападнал музичар и оштетил дел од музичката опрема.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил расчистен од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, по што против Б.Ц. (37) била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот се случил на 12 април 2026 година во угостителски објект во Крива Паланка, каде настапувала музичка група.
„Пријавениот попречувал членови на музичката група, која била ангажирана во објектот, физички нападнал еден од членовите и ја оштетил музичката опрема“, наведуваат од МВР.
По прибирање на сите потребни докази, изјави од сведоци и документирање на случајот, против осомничениот е поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

