Тажната вест ја објавија од МЗТ Скопје :
Вечерва, вториот натпревар од плејоф-финалето меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Маџари започна со минута молчење во чест на прерано починатиот Симеон Анастасов – Мони.
Од МЗТ Скопје Аеродром соопштија дека Анастасов, кој починал на 45-годишна возраст, бил еден од истакнатите членови на навивачката група „Фемили“ и долгогодишен поддржувач на клубот.
„Твојот глас, љубов и поддршка за МЗТ Скопје засекогаш ќе останат дел од нашето сино-бело семејство“, стои во објавата на клубот.
Клубот му оддаде почит со емотивна порака, истакнувајќи дека неговата љубов и верност кон МЗТ Скопје ќе останат запаметени.
Пред почетокот на натпреварот, присутните во салата со минута молчење се простија од Симеон Анастасов – Мони.

