Силен земјотрес утрово ја стресе Италија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Неапол во Италија утрово во 5:51 часот.

Силниот земјотрес го почувствуваа жителите на Неапол и околните градови, објави агенцијата „Анса“.

Досега не се пријавени штети на зградите.

Според податоците од Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од три километри, 15 километри југозападно од Неапол, објави „Танјуг“.