Драматични сцени во Бугарија: Поплави носат сè пред себе, евакуации во повеќе градови

Силното невреме и обилните дождови што ја зафатија Bulgaria предизвикаа сериозни поплави, евакуации и вонредна состојба во повеќе региони, додека спасувачките екипи денеска успеаја да спасат 17-годишно момче од надојдената река Јантра кај селото Шемшево, во близина на Veliko Tarnovo.

Во спасувачката акција учествувале нуркачи, пожарникари и полицајци, а бугарските медиуми јавуваат дека момчето влегло во реката во момент кога водостојот нагло растел по обилните врнежи.

Најкритична е состојбата во регионите Велико Трново, Габрово, Горна Орјаховица и Дрјаново, каде е прогласена вонредна состојба. Реките излегле од коритата, поплавени се куќи, улици, дворови и индустриски објекти, а на некои места нивото на водата достигнало повеќе од еден метар.

Во делови од земјата за кратко време наврнале над 80 литри дожд на метар квадратен, додека во Килифарево биле измерени дури 125 литри.

Поради поплавите затворени се повеќе патишта, прекинато е снабдувањето со струја и вода во одредени населени места, а во Севлиево е започната и превентивна евакуација на населението.

Метеоролозите предупредуваат дека врнежите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, особено во централните и северните делови на Бугарија, каде остануваат во сила предупредувања за опасно време.