Тешка сообраќајна несреќа кај Богатиќ во Србија однесе два млади животи, додека уште две лица се здобиле со тешки повреди.
Според српските медиуми, трагедијата се случила во вечерните часови на патот Богатиќ–Белотиќ, во близина на локален ресторан. Во несреќата загинаа Даниел П. (19) и Лазар Е. (19).
Во директниот судир учествувале два автомобили, а животот го загубиле двајца 19-годишници кои, според неофицијални информации, биле школски другари и се наоѓале во автомобил „Пежо“.
На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на полицијата, Итната помош и пожарникарите, додека увидот траел до доцна во ноќта.
Повредените лица биле пренесени во болница со сериозни повреди.
Веста предизвика голема тага во локалната заедница, а на социјалните мрежи се појавија бројни проштални пораки за загинатите момчиња.

