ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендарниот македонски спортист

Македонската и тетовската одбојка денес се збогуваа со Владимир Ѓорчески – Ципа, првиот капитен на одбојкарската репрезентација на Македонија.

Ѓорчески попладнево беше погребан во своето родно Тетово.

Владимир Ѓорчески во својата богата одбојкарска кариера настапуваше за Југохром, Работнички и Вардар, а интернационална кариера градеше во Барселона и Арис.

За репрезентацијата на поранешна Југославија настапи на 48 натпревари, а по независноста беше и прв капитен на Македонија, чиј дрес го носеше пет години.

Одбојкарската федерација на Македонија изразува длабоко сочувство до семејството.

Вечна слава!