Осум лица, меѓу кои и еден малолетник, се приведени по физички напад што се случил во Прилеп, а според пријавата инцидентот започнал на пат кон крушевското село Саждево и продолжил во просториите на Итната медицинска помош.
Од СВР Битола информираат дека на 25 мај во 22:15 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Џ, У. (31), Џ.У. (52), Е.У. (35), А.У. (58), Е.У. (36) и 17-годишен малолетник, сите од село Пресил, крушевско, како и С.К. (52) и Х.К. (18) од село Саждево.
Според пријавеното, околу 19:30 часот С.К. и неговиот син Х.К., движејќи се со патничко возило „Пасат“ кон село Саждево, биле пресретнати од возило „БМВ“, управувано од Е.У., кој според информациите е зет на пријавителот, по што физички ги нападнал.
Подоцна, С.К. и Х.К. побарале лекарска помош во Итната медицинска помош во Прилеп, каде, според пријавата, биле повторно нападнати од неколку лица кои употребиле метални и дрвени предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

