Ужас во Пештер: Овчар пукал во колега, па го дотепал со стап во глава поради овци

Четириесет и шестгодишниот З. А. е тешко повреден и се наоѓа во кома откако бил брутално претепан и застрелан во село на висорамнината Пештер, во близина на Сјеница, Србија.

Српската полиција рано утринава започна интензивна потрага по осомничениот Ш. Е. (23), кој веднаш по крвавиот напад избегал во непознат правец.

Според првичните неофицијални информации од истрагата, зад овој брутален конфликт стојат нерасчистени односи околу земјиштето каде двајцата чувале стада овци.

Извор близок до истрагата ги открива деталите за почетокот на пресметката:

„Првичните информации укажуваат дека жртвата и напаѓачот се скарале за парцели. Тие чувале стадо овци, а во еден момент овците преминале на другата страна, по што избувнал жесток конфликт што ескалирал во обид за убиство.“

Напаѓачот прво извадил огнено оружје и го погодил З. А. во горниот дел од ногата, но не запрел тука. Додека ранетиот човек лежел на земја, 23-годишниот Ш. Е. брутално почнал да го удира со стап по главата, нанесувајќи му повреди опасни по живот.

Поради критичната состојба, жртвата е итно префрлена во Клиничкиот центар во Крагуевац каде лекарите се борат за неговиот живот и го подготвуваат за операција.

Припадниците на полицијата од Нови Пазар веќе го пребаруваат непристапниот терен. При пребарување на едно локално мочуриште, каде напаѓачот се обидел да ги сокрие трагите, полицијата ги пронашла неговиот мобилен телефон и оружјето со кое бил извршен нападот. Силни полициски сили во моментов се на терен.