Ќе се формира нова политичка партија во Македонија

Трифун Костовски се враќа во политика. На социјалните мрежи повика граѓаните да му се приклучат.

„Партијата ќе биде составена од членови на возраст од полнолетство со неограничен век на старост. Ги повикувам сите искусни и неискусни мои сограѓани кои имаат желба Македонија да опстои како држава во која ќе создадеме иднина за нашите поколенија, да размислат и да се приклучат кон ваквата моја визија“, соопшти Костовски на социјалните мрежи.

Вели дека не бара власт за него, туку можност за освестување на државно ниво.

„Не барам власт за себе, туку можност за освестување на државно ниво, Македонија да биде пред секоја партија! Ова никако не е повик за поделба, туку повик за обединување на сите што ја сакаат Македонија без услови и лична корист“, истакнува Костовски.

Вели „Македонија да биде пред секоја партија! Ова никако не е повик за поделба, туку повик за обединување на сите што ја сакаат Македонија без услови и лична корист“.

Смета дека „правото и правдата мора да завладеат во државата. При мртва правда надежта умира, вели Костовски и посочува дека во неговата денешна колумна насловена “Македонија на крстопат-време е да ја вратиме државата”, ќе објасни многу повеќе за ова негово враќање.

Трифун Костовски беше пратеник од редовите на СДСМ, а потоа стана градоначалник на Скопје (2005-2009).