Силен земјотрес го стресе регионот – еве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди подрачјето на југоисточна Босна и Херцеговина, во близина на Требиње, а потресот бил почувствуван и во соседните земји.

Според податоците од сеизмолошките служби, земјотресот се случил кратко по полноќ по локално време.

Епицентарот бил лоциран на околу 11 километри северозападно од Требиње и приближно 72 километри југоисточно од Мостар, на длабочина од 10 километри.

Потресот бил почувствуван во поширокиот регион на источна Херцеговина, но и во делови од јужна Хрватска и Црна Гора, поради близината на епицентарот.

Во моментов нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.

Според првичните податоци, јачината на земјотресот изнесувала 3,8 степени според Рихтеровата скала.