Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа кај селото Черкези, кумановско.
Според информациите на МВР, вчера околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во село Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу
патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од с.Черкези.
По несреќата малолетникот бил пренесен во Општата болница Куманово каде од страна на лекар констатирана била смрт.
Во 21:20 часот во Полициската станица Куманово возачот бил лишен од слобода. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

