ТРАГЕДИЈА: Во страшна несреќа загина момче од Македонија

Страшна вест ја потресе Македонија. Голема трагедија во Куманово. Имено во трагична несреќа загина 13-годишно момче, фудбалер во помладите категории на ФК Куманово.

Станува збор за Аган Асани од селото Черкези, кој додека возел тротинет бил удрен од автомобил на патниот правец Куманово – Скопје по стариот пат.

Оваа вест ја сподели и неговиот тренер Исмет Зеќири на социјалните мрежи:

“Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот 13-годишен играч, Аган Асани.Неговата загуба длабоко нè погоди како клуб, оставајќи голема болка кај неговите соиграчи, тренери и целото семејство ФК Куманово.

Во ова тешко време, им изразуваме најдлабоко сочувство на семејството Асани, роднините и пријателите.

Споменот на Аган секогаш ќе остане во нашите срца.
Нека почива во мир
“напиша Зеќири.