Невреме во Македонија – објавени деталите

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 20 до 32 степени Целзиусови.

Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и дневни температури од 22 до 29 степени. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м²), грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.