ТРАГЕДИЈА: Момче од Македонија загина во тешка сообраќајка во Италија

Голема тага го погоди гостиварскиот регион откако беше објавена веста за смртта на Фидан Хамити (44) од селото Градец, кој го загубил животот во сообраќајна несреќа во Италија.

Веста предизвика шок и жалење кај неговите роднини, пријатели и сограѓани, кои преку пораки на социјалните мрежи се простуваат од Хамити и изразуваат сочувство до неговото семејство.

Според информациите што ги објавија албанските медиуми, Хамити починал како последица на несреќата што се случила во Италија. Засега не се соопштени повеќе детали за околностите под кои се случил трагичниот настан.

Од неговото родно село Градец беа упатени пораки на сочувство до семејството, при што беше истакнато дека загубата на Фидан Хамити претставува тежок удар за целата заедница.

Неговите блиски и познаници го опишуваат како почитуван и скромен човек, чие заминување остава голема празнина меѓу сите што го познавале.

Нека почива во мир.