Двајца скопјани завршиле со тешки телесни повреди по масовна физичка пресметка што синоќа била пријавена во Шуто Оризари.
Според информациите од полицијата, инцидентот бил пријавен на 3 јуни во 23:04 часот во СВР Скопје.
Во пресметката учествувале повеќе лица, а повредените Е.Ј. на (35) и М.Ј. (37) биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Во врска со настанот, полициски службеници лишиле од слобода 11 лица, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Целото соопштение на МВР
На 03.06.2026 во 23:04 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која што учествувале повеќе лица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј.(35) и М.Ј.(37), по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(53), М.С.(27), Џ.Џ.(28), А.К.(44), С.С.(29), Ф.М.(46), Ф.С.(20), Д.Ј.(21), Е.Ј.(32), Ј.Ј.(27) и Н.Ј.(54), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

