Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од скопското село Шишево, по пријава дека со огнено оружје пукал кон свој соселанец и му нанел повреда.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 16:10 часот И.Ш. од селото Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А.
Во пријавата се наведува дека Г.А. извадил пиштол и испукал кон него, при што И.Ш. се здобил со повреда во пределот на увото.
По добиената пријава, полициските службеници веднаш презеле мерки и активности и го лишиле од слобода осомничениот Г.А.
Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Истрагата за утврдување на сите околности околу вооружениот инцидент е во тек.

