ОБЈАВЕНА МАПА: Силно невреме попладнево во овој македонски град

Времето денеска (07.06)  ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и температура во интервал од 11 до 33 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР информира дека моментално има невреме вооколината на Македонска Каменица.

Според радарска слика во крајните североисточни планински региони можна појава на суградица, а во околината на Македонска Каменица има пороен дожд и појава на ретки грмежи