СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Почитувани сограѓани, сопартијци и пријатели.
Сакам да ве информирам дека донесов одлука и поднесов оставка до претседателот на СДСМ, Венко Филипче да се повлечам од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица.
Оваа одлука ја носам со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини.
Изминатиот период беше исполнет со многу работа, заеднички победи, но и предизвици со кои се соочувавме секогаш со крената глава и со мисла за доброто на Струмица.
Сакам да упатам огромна и искрена благодарност до сите членови, симпатизери, активисти и до моите најблиски соработници за огромната поддршка, довербата и енергијата што ја вложивме заедно.
Чест ми беше да ја предводам оваа организација и да работам со луѓе кои искрено го сакаат својот град.
На идниот претседател и на новото раководство им посакувам многу успех, мудрост и нова енергија во водењето на партијата на локално ниво.
Јас останувам тука, како пријател и поддржувач, секогаш подготвен да помогнам со своето искуство и знаење секаде каде што е потребно.
Со почит,
Марјан Даскаловски

