Општина Аеродром и оваа година продолжува со поддршката на семејствата, обезбедувајќи еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое прваче запишано во основно училиште на територијата на општината.
Пријавувањето ќе трае од 15 јуни (понеделник) до 30 септември 2026 година.
За остварување на правото на парична помош, во архивата на Општина Аеродром потребно е да се достават:
• Потврда за запишан ученик во прво одделение, заверена од основно училиште на територијата на Општина Аеродром или од основно училиште со ресурсен центар;
• Фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето;
• Фотокопија од лична карта или патна исправа на барателот со адреса на живеење во Општина Аеродром;
• Фотокопија од трансакциска сметка.
Образецот за пријава и изјавата за согласност за обработка на лични податоци можете да ги преземете на:
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari
„На сите идни првачиња им посакуваме успешен почеток на новото животно поглавје, многу знаење, другарства и безброј убави училишни спомени!“, порачуваат од општина Аеродром.

